Уште еден успешен тест на Virgin Galactic (видео)

ЕнтерпрајзVirgin Galactic продолжува со поместување на границите на возможното, со што стигнуваат се поблиску до нивната крајна цел, вселената. Нивниот најнов успешен тест бил извршен на четврти мај кога SpaceShipTwo, познат и како VSS Enterprise успешно симулирал влез во атмосферата.

Процесот познат како Feathering, е најверојатно најголемата иновација интегрирана во дизајнот на леталото. Кога леталото го извршува овој маневар, опашката ротира нагоре за околу 65 степени, со што го менува аеродинамичниот облик и станува екстремно стабилно и создава отпор кој го успорува леталот за време на влегување во атмосферата.

И покрај зголеменото триење, малата тежина на леталот спречува голем пораст на температурата на трупот, со што се отстранува потребата за топлотен штит или било каква термална заштита.
{youtube}Er9-sTDhJ58{/youtube}
Исто така, кога процесот е правилно изведен, леталото е толку стабилно што пилотот буквално може да се опушти додека леталото природно се спушти низ атмосферата. Тоа е важен безбедносен елемент, бидејќи пилотот не мора да одржува специфичен агол или да зависи од софистициран компјутер. За време на тестот на четврти мај VSS Enterprise не отишол во вселена.

Прочитајте и:  Меѓународната вселенска станица ќе биде урната во Точката Немо во Тихиот океан во 2030 година

За првиот ваков тест носачот WhiteKnightTwo, познат како VMS Eve го ослободил леталото од 15.697 метри, по што било докажано дека процесот дизајниран од Бурт Рутан функционира. Пред да започне процесот, леталото паѓа речиси вертикално кон земјата со брзина од 4724 метри во минута, брзина која значително е намалена со зголемувањето на аеродинамичниот отпор. [Video: Virgin’s SpaceShipTwo makes its first ‘feathering’ flight]

- Реклама -