Американскиот астрофизичар Нил деГрас Тајсон се обиде да ја реши легендарната мистерија за тежината на чеканот од стрипот за Тор и во тој процес само ја направи уште поимпресивна.
Колку всушност тежи Мјолнир, чеканот на Тор искован од ѕвезда што се распаѓа. Многу!
„Доколку чеканот на Тор е направен од ѕвездени неутрони, како што кажува легендата, тогаш е тежок 300 милијарди слонови“, напишал Тајсон на Твитер.
Тој прикачил и фотографија од чеканот и се пошегувал дека Тор бил љубезен и дека му го позајмил Мјолнир за да може да направи соодветни пресметки.