Креативно домашно биро

Доколку дома немате работно биро, а очајно ви треба, ви го претсавуваме изумот на Томас Крал.

Станува збор за дрвена маса, доработена со алуминиум и претворена во практично парче мебел кој не само што ќе го разубави вашиот дом, туку пред се е неверојатно практично.

Алуминиумскиот додаток е одлична замена за фиоки, бидејќи тука можете да сместите книги, документи, пенкала, алатки, а дури може и да се користи за закачување на одредени предмети.

 

Овој минималистички дизајн многумина го оценија како креативно и практично парче мебел, кое одлично би се вклопило во сечиј дом.

- Реклама -