Се чини дека дојде моментот на целосно исчезнување на половите стереотипи на територијата на Европа. Жените сѐ поактивно ги заземаат професионалните места на мажите, додека на мажите им припаѓаат сѐ поголем број од обврските кои традиционално се сметале за женски.
Според истражувањето спроведено во Велика Британија 66 проценти од мажите во домот неделно посветуваат по 8 часа, додека, пак, кај жените тој процент изнесува 62.
Пет децении наназад во минатото сликата била сосема поинаква – жените на домашните обврски им посветувале по околу 30 часа неделно, а мажите помалку од 5 часа.
Според психолозите современите мажи со задоволство се впуштаат во женските активности, а особен примат тука има кулинарството. Мажите кои готват дури тоа го прават многу подобро од жените, покажуваат анкетите. Исто така иницијативата за генерално чистење најчесто припаѓа на посилниот пол.