Кога станува збор за иновациите и необичните работи не изостанува ниту кујната. Погледнете неколку реквизити кои би посакале да ги имате.
Цевчиња Heart Shaped Drinking Straws
Во пресрет на празникот на вљубените компанијата Suck ги пушти во продажба цевчињата во вид на срциња. Цевчињата се идеално дополнување на коктелот и оригинален начин да се изрази романтичноста, дури и во најмалиот детаљ кој може да биде пресуден.
Шише со филтер Bobble bottle
Шишето со филтер за прочистување на дури 150 литри вода е најновиот еко изум од Karim Rashid. Bobble bottle е практично решение за сите екологисти, но и модни зависници. Моќниот филтер на основа на активен јаглен ја прочистува водата од хлорот и органските примеси во моментот на пиење на водата од шишето. Надворешниот дизајн е како создаден за човековата дланка. Истрајноста на филтерот се проценува на околу две месеци, по што може да се замени со нов.
Mr. Tea
Mr. Tea од Fried & friends е секогаш расположен за друштво. Човечето со „дупнати” панталони е всушност реквизит за чај. Се што треба да сторите е во него да ја ставите вреќичката чај, а откако напитокот ќе ја добие потребната концентрација на чај во шолјата можете да го поставите на тацната.
Бокал и шише за вино
Необичниот брод за вино е создаден од јапонските мајстори од Kyouei Design соединувајќи го просторот за чување вино и бокалот. Конструкцијата никогаш нема да го остави вашиот гостин без вино, но од друга страна ваквите неколку апарати на вашата маса ќе зафатат повеќе место.