Намирници што може да ги јадете и по истекот на рокот

Научени сме да веруваме на ситните броеви што се наоѓаат на секој производ и кои го означуваат нивниот рок на траење. Но, експертите истакнуваат дека непотребно ја фрламе храната затоа што некои намирници не се штетни за организмот и по истекот на означениот рок.

1.Јајца

Доколу се чуваат правилно во фрижидер, јајцата може да траат од три до пет недели. Секако, притоа внимавајте да вадите од ладилникот само онолку јајца колку што ви се потребни во моментот, затоа што тие се расипуваат на дневна температура.

2.Млеко

milk

Една недела по истекот на рокот втиснат на амбалажата млекото може да остане питко и здраво за употреба. Млекото лесно може да го забележелите кога е расипано по мирисот и вкусот.

3.Кечап

Ако го чувате кечапот во фрижидер тој може да трае и до шест месеци по истекот на рокот. Секако, ако забележите дека чудно мириса, фрлете го.

4.Маслиново масло

olive oil

Рокот на траење на маслиновото масло е до две години. А за да ги задржи хранливите состојки чувајте го на студено и темно место.

5.Кисели краставички

Рокот на траење на отворена тегла кисели краставички е една година доколку ја чувате во фрижидер.Истото правило важи и за маслинките.

6.Оцет

red-wine-vinegar

Рокот на траење на оцетот е речиси бескраен. Доколку се случат промени во неговата боја и густина и понатаму е безбеден за користење.

7.Кафе

Пакетчето кафе што сте го отвориле и сте го заборавиле е сигурно за користење дури и по три до пет месеци по означениот рок на траење. Зрната кафе не ги губат својствата и по една година.

8.Путер

butter

Две недели по истекот на рокот, путерот е сигурен за јадење, а во замрзнувач може да стои и девет месеци.

9.Зачини

Циметот и биберот се зачини кои може да ги употребувате и две години по истекот на означениот рок. Притоа важно е да ги чувате во стаклен сад и на суво и темно место.

- Реклама -