Цитати за атеизмот од неколку големи умови (2 дел)

Повеќе...Религијата има многу различни гледишта, па дури е атеизмот е едно такво гледиште. Атеисти биле и многу умни и влијателни луѓе, па одбравме уште неколку нивни цитати кои се смешни, итри и ќе ве натераат на размислување. Исто така, слободно нека ве натераат да пишете и вие некој интересен цитат во коментарите подолу.

Религијата има многу различни гледишта, па дури е атеизмот е едно такво гледиште. Атеисти биле и многу умни и влијателни луѓе, па одбравме уште неколку нивни цитати кои се смешни, итри и ќе ве натераат на размислување. Исто така, слободно нека ве натераат да пишете и вие некој интересен цитат во коментарите подолу.

29048_1404915414079_1568217939_30966087_158267_n

„Филозофијата е прашање кое можеби никогаш нема да биде одговорено. Религијата е одговор кој никогаш не бил побаран.“ – Анонимен

„Со или без религија, секогаш ќе имате добри луѓе кои ќе прават добри дела – и лоши луѓе кои ќе прават лоши дела. Но, за добрите луѓе да прават лоши дела, за тоа е потребна религијата.“ –  Стивен Вајнберг

„Бидејќи Библијата и црквата очигледно грешат за тоа од каде сме дошле, како можеме да и веруваме за тоа каде одиме?“ – Анонимен

„Невидливото и непостоечкото – си личат многу.“ – Делос Б. МекКоун

„Две раце кои работат можат да направат повеќе од илјадници раце кои ракоплескаат во молитва.“
– Анонимен

„Слепата верба е ироничен подарок кој треба да се врати на креаторот на човечката интелегенција.“ – Анонимен

„Тоа што може да биде прифатено без докази, може да биде и исфрлено без докази.“ – Кристофер Хиченс

„Не ми пречат работите во Библијата кои неможам да ги разберам, ми пречат оние делови кои ги разбирам.“ – Марк Твен

„Јас тврдам дека и двајцата сме атеисти. Јас само верувам во помал бог од твојот. Кога ти ќе разбереш зашто ти го негираш мојот бог, тогаш ќе сфатиш зашто јас го негирам твојот.“ – Стивен Робертс

„Атеизмот е не-профитна организација“
– Џорџ Карлин

„Апсолутната верба целосно се корумпира како апсолутна моќ, но апсолутната моќ се корумпира само во рацете на апсолутните верници.“
– Анонимен

„Боговите се нежни работи: тие можат да бидат убиено со еден здив од науката или пак со здрав разум.“
– Чапман Коен

„Кога еден човек пати од заблуда, тогаш тој е луд. Кога многу луѓе патат од заблуда, тогаш тоа е религија.“ – Роберт Пирсинг

„Животните немаат бог, тие се попаметни од тоа.“ – Рони Сноу

„Повеќетто религии го проповедаат крајот на светот и тие постојано работат заедно за да се псигураат дека тие проповедања ќе се остварат.“ – Анонимен

„Религиите се како апчиња кои мораат да се проголтаат без да се изџвакаат.“ – Анонимен

„Да не бев атеист, ќе верував во Бог кој ќе одбираше да ги спасува луѓето според добрината во нивните животи, а не според работите кои тие ги кажуваат. Мислам дека тој би претпочитал искрен и праведен атесит повеќе од ТВ свештеник чиј секој збор му е Господ, Господ, Господ, а на кој секое дело му е валкано, валкано, валкано.“ – Исак Асимов

„Дали Господ сака да го спречи злото, но неможе? Тогаш тој не е семоќен. Дали тој може, но не сака? Тогаш тој е злобен. Дали и сака и може? Тогаш, зашто има зло? Дали и не сака и не може? Тогаш зашто го викаме Господ?“
– Епикур

- Реклама -