5 тајни за слабеење од Боб Харпер

Американското реално шоу The Biggest Loser каде учесниците брзо и лесно ги губат килограмите, под будното око на низа диетолози и тренери, доживува вистински успех на ТВ екраните. Боб Харпер (47 ) кој неретко е прогласуван за најсекси вегетаријанец е еден од фитнес инструкторите кои се способни да натераат било кого да ослабне!
Еве ги неговите 5 совети за екстра брзо и лесно слабеење, како и одржување во форма!

1.Вода – чудо над чудата кога станува збор за преобразба на вашата фигура. Секој ден започнувајте го со чаша вода која ќе го забрза метаболизмот. Исто така пијте по една чаша вода пред секој оброк. Ова едноставно правило ќе го оневозможи прејадувањето.

glass-of-water

2.Консумирајте што е можно повеќе протеини, односно белковини кои се препорачливи за појадок, ручек и вечера, но не заборавајте ниту на јаглехидратите и мастите.
Белковините најмогу ги има во рибата, млекото, јаткастите плодови и бобинките.

3.Откажете се од газираните пијалоци и кафето во лименка кои содржат додатоци во вид на шеќер и секакви синтетични сирупи. Ваквите пијалоци се најголем извор на калории кои подоцна се таложат во вашето тело.

no-soda-727300

4. Читајте ја амбалажата
Сите информации за храната која ја купувате и консумирате можете да ја најдете на амбалажата од истата. Тоа е особено важно на почетокот на процесот на слабеење. Така подоцна ќе научите да го сметате количеството на внесени калории, масти, белковини и јаглехидрати.

5.Еднаш неделно направете празник на стомакот, односно не прекорувајте се доколку се почестите со неколку парчиња пица или парче торта. За сметка на тоа еден ден од неделата направете детоксификација на организмот со целодневно консумирање на зелен чај кој е надобар за забрзување на метаболизмот.

Black iron asian teapot with sprigs of mint for tea

- Реклама -