Робот кој сади дрвја

дрваСекоја година се губат големи пошумени површени. Без разлика дали поради пожари или сечење, штетата е иста. Акциите за повторно пошумување иако често успешни, се тешки за организирање. Овој мал робот би можел да биде совршено решение за ваквите проблеми.

Секоја година се губат големи пошумени површени. Без разлика дали поради пожари или сечење, штетата е иста. Акциите за повторно пошумување иако често успешни, се тешки за организирање. Овој мал робот би можел да биде совршено решение за ваквите проблеми.

дрва

Малиот дизајн ќе му овозможи на овој робот да биде многу лесен, што ќе значи дека негативното влијание врз околината, низ која ќе поминува за да ги засади дрвјата, ќе биде минимално. Користејќи пареа за да ги уништи растенијата кои би можеле да му наштетат на ново засаденото дрво, ќе се овозможи функционирање без никаква опасност за животните кои живеат во одредена област.

дрва

Секој расад ќе биде сместен во биоразградлива пластична обвивка која ќе го штити растението од бубачки додека стане доволно старо и силно за да може да ги преживее нападите. За погон роботот ќе користи мал парен мотор, а како гориво „шумски отпад“, како животински измет и дрвени деланки.

дрва

Роботот ќе може да биде натоварен со 320 расади. Вградениот кран ќе биде опремен со ротирачки носач, кој ќе ги зема расадите од телото на роботот за да започне со садење. Идејата е роботот да застане во место и да засади разумен број на растенија, по што малиот кран ќе се врати во првобитната положба за да земе нови садници, а роботот ќе може да продолжи понатаму на следната локација.

Прочитајте и:  Робот со вештачка интелигенција киднапирал 12 колеги
- Реклама -