Google развива софтвер за првиот телефон кој ќе може да преведува туѓи јазици речиси инстантно.
Google развива софтвер за првиот телефон кој ќе може да преведува туѓи јазици речиси инстантно.
Со надоградување на постоечките технологии за препознавање на глас и автоматско преведување, Google се надева дека за неколку години ќе го направи првиот телефон што преведува. Доколку се случи тоа, значително ќе се промени комуникацијата помеѓу луѓето. Компанијата веќе имаше креирано автоматски систем за преведување на текстовите на компјутер, кој досега покрива 52 јазици, од кој последен додаден беше хаитскиот креолски јазик минатата недела.
Google, исто така, има и систем за препознавање на глас кој им овозможува на корисниците на телефони да пребаруваат на интернет преку гласовни команди, наместо преку напишан текст. Сега се работи на комбинирање на овие две технологии за да се направи софтвер кој ќе го детектира гласот на говорникот и ќе го преведува во синтетички еквивалент на друг туѓ јазик. Како и професионален човек-преведувач, телефонот ќе ги анализара деловите од разговорот, се додека не ја разбере целосната смисла на зборовите и фразите, пред да го направи преводот. „Сметаме дека преведувањето на разговорот во реално време би бил возможен и би функционирал доволно добро во текот на наредните години.“, изјави Franz Och, одговорниот за преведувачките сервиси на Google. [Google leaps language barrier with translator phone]