Chevrolet Trax пристигнува оваа пролет

Со целосно новиот Trax, Chevrolet ќе претстави конкурентен модел насочен кон вкусовите на оние клиенти кои претежно се движат во урбана средина.Големината на возилата одамна нема некое посебно значење за клиентите во Централна и Западна Европа, кои како што наведуваат статистичките податоци во последниве неколку години, се повеќе се насочуваат кон помали, компактни автомобили. Ова го потврдуваат и бројките и континуираниот раст на продажбата во овој сегментот. Особено добри вредости се постигнати во класата на компактни кросовери, што е во крајна спротивност со неволјите на пазарот на автомобили на Стариот континент, па се е поголем број модели на ова поле. Овој сегмент забележа значителен раст, од 130.214 продадени автомобили во 2008 година (0,7% удел во пазарот) беа достигнати 264.000 продажби во 2012 (2% удел). Се очекува реализацијата да се удвои до 2018 година.Новиот Trax е адутот на Chevrolet во овој сегмент, а на пазарите во Европа пристигнува оваа пролет.

153_Chevrolet-Trax-470-2

– Trax му обезбедува на Chevrolet можност за успешно влегување во растечкиот сегмент на мали SUV модели и нуди флексибилност, низок степен на потрошувачка и управливост блиска до онаа на автомобил. Ова се работи кои треба да ги заинтригираат активните жители на градот – истакнува претседателот и управен директор на Chevrolet Europe, Сузан Доерти.

Trax ќе биде на располагање на клиентите со избор од три мотори: 1,4-литарски бензински турбо со моќност од 140 КЅ и вртежен момент од 200 Nm, 1,6 бензинец со моќност од 115 КЅ и 155 Nm и 1,7 турбо дизел, со 130 КS и 300 Nm. Верзиите со 1,4-литарскиот бензински и 1.7 турбодизелоскиот ќе се нудат со погон на четири тркала (AWD), кој дејствува во зависност од условите. Должината од 4,25 метри и ширина од 1,77 метри го прават автомобилот совршен, како за градско возење, така и за патување надвор од градот.За Chevrolet е сосема логично успешно да реализира ваков проект, согласно искуството, бидејќи ова е марката која е авангарда на ова поле. Chevrolet е познат како творец на оваа класа, со својот Suburban во 1935 година.

2

– Trax е модерно докажување во една од клучните области за Chevrolet, кој има „обврска“ да конструира и нуди одлични SUV модели – додаде Доерти.

Captiva е поголемиот брат на Trax и еден од претставниците на SUV модели на Chevrolet. Палетата во САД ги вклучува Avalanche, Colorado, Equinox, Silverado, Suburban, Tahoe и Traverse.

3

 

Текстот е објавен во соработка со Авто Плус.

- Реклама -