Според најновото истражување на група израелски научници идеалната тежина на една жена треба да изнесува 77 килограми, а нејзината висина – 170 сантиметри.
Ова се добри вести за сите припаднички на понежниот пол кои се опседнати со исцрпувачки тренинзи и макотрпни диети бидејќи најновиот резултат од истражувањето на институтот за здравје во Израел е против тоа.
Претерано слабите жени, односно анорексичните девојки од модните писти се најмалку привлечни за мажите, а помалку килограми значат и помалку здравје, се наведува во истражувањето.
Идеалната жена треба да има околу 77 килограми и да биде висока 170 сантиметри и тоа во услови на здрав начин на живот и правилна исхрана.
Во прилог на истражувањето говори факотот дека денес голем број модни индустрии се против анорексичните модели. Пример за тоа е Израел каде во 2012 година се забрани учество во реклами на модели со индекс на тежина помал од 18,5. Според ООН, индексот на телесна тежина понизок од 18,5 се смета за несоодветен за здравствената состојба на едно лице.