На почетокот на следната година во употреба ќе бидат пуштени првите 4G мобилни мрежи. Како по обичај, Скандинавците се оние што ќе ја имаат таа привилегија да ги тестираат.
На почетокот на следната година во употреба ќе бидат пуштени првите 4G мобилни мрежи. Како по обичај, Скандинавците се оние што ќе ја имаат таа привилегија да ги тестираат.
Производителот на мобилна опрема, Ериксон, ги привршува работите на инфраструктурата на новата 4G мобилна мрежа во Стокхолм, Шведска; а истовремено, кинеската компанија Хаувеи успеа да конструира навреме иста таква мрежа во Осло, Норвешка. Со тоа, на почетокот од следнава година, нарачателот на проектот, телекомуникациската компанија Телиа Сонера, ќе го отпочне тестирањето на новата технологија.
Првите привилегирани корисници што ќе ги тестираат новите мрежи нема да можат да го сторат тоа на мобилни телефони, затоа што сѐ уште не постојат такви што би подрржале ваква технологија. Тестирањето ќе се врши со лаптоп компјутери, со помош на новите УСБ вајрлес адаптери што ги произведе Самсунг.
4G мрежата првенствено е наменета за оние што сакаат да играат и да гледаат мултимедијални содржини и надвор од дома. Таа има капацитет за брзини до 100 мегабита во секунда или 10 пати поголеми брзини од најбрзата 3G мрежа. Она што е уште подобро е што технологијата на која се базираат новите мрежи (LTE – Long Term Evolution) е компатабилна со 3G мрежите и наместо да се градат нови капацитети, едноставно ќе се надградат старите.
Првите мобилни телефони што ќе бидат направени според оваа технологија се очекуваат веќе при крајот на 2010 година. [4G mobile phone network comes to Scandinavia]