Инсекти-киборзи за прислушкување

ki.wideАмериканската војска го создаде првиот киборг-инсект на далечинско управување кој би можел да се користи за прислушкување разговори.


Американската војска го создаде првиот киборг-инсект на далечинско управување кој би можел да се користи за прислушкување разговори.

ki.wide

Војната агенција за напредните истражувања потроши цели две години работејќи на овој проект. Тимот стручњаци под водство на Хиротаке Сато тврди дека конечно успеал да конструира инсект кој се контролира бежично со помош на преносен компјутер.

Со помош на имплантите во мозокот на киборгот се даваат наредби за полетување, лет и слетување, како и за вртење кое се изведува со стимулирање на силни замавнувања на крилата на лева или десна страна. Механизмот се состои од стимулатори на нерви и мускули, микробатерии и микроконтроли со приемник кој се вградува во еден вид на бумбар. Во експериментот направен во Универзитетот во Беркли беа користени три вида бумбари од Камерун. Најмалиот бил долг само два сантиметри, а најголемиот – 20. Тоа е првиот вид на инсекти над кој научниците успеаа да воспостават целосна контрола.

{youtube}98OuGVnYDik&feature=player_embedded{/youtube}
- Реклама -