Еко-брод на погон на човечки масти ќе се обиде да го скрши брзинскиот рекорд

Еко-брод Најбрзиот еко-брод во историјата му припаѓа на човекот кој се вика Пит Бетун. Тој заложил сè што имал и донирал дел од своите телесни масти за да може да го оствари својот подвиг. Возилото кое кога е полно со гориво тежи 23 тони, ќе се обиде да го сврти светот за 65 дена. Она што е најдобро за овој брод е фактот што има емисија на јаглерод диоксид од 0%.


Најбрзиот еко-брод во историјата му припаѓа на човекот кој се вика Пит Бетун. Тој заложил сè што имал и донирал дел од своите телесни масти за да може да го оствари својот подвиг. Возилото кое кога е полно со гориво тежи 23 тони, ќе се обиде да го сврти светот за 65 дена. Она што е најдобро за овој брод е фактот што има емисија на јаглерод диоксид од 0%.

Еко брод

За бродот кој е именуван според својата намена „Трка околу Земјата“, биле потребни 3 милиони долари за изградба. Лудакот кој решил да го направи, Пит Бетун, ја ставил куќата под хипотека, ги продал сè што поседува, а и нештата што биле сопственост на неговата сопруга, а на крајот донирал и 100 милилитри од своите телесни масти по пат на липосукција. Двајца значително покрупни донори дале заедно околу 10 литри, што е доволно бродот да помине околу 15 километри, од вкупните околу 44 илјади.

За патот околу светот, овој брод ќе потроши околу 11 и пол илјади литри гориво кое главно се состои од човечка маст. Кога ќе биде наполнет резервоарот, возилото ќе тежи околу 23 тони. Досегашниот рекорд за пат околу светот со брод е 75 дена. Амбициозниот Пит Бетун е решен да ја заокружи планетава за 65 и тоа со брод кој има емисија на јаглерод диоксид од точно 0%. Нека му е со среќа!

Пит Бетун

- Реклама -