Мирисот на пролетта – 5 најнови парфеми

Иако до пролетта нѐ дели уште еден месец веќе нѐ фаќа нетрпение за најновите пролетни детали. А пролетта не би била вистинска доколку не посакаме силно сонце, топол воздух и нов парфем со пролетни ноти!

Погледнете ги светските новитети!

Новиот парфем на Escada наречен Cherry in the Air е потикнувач на вистинско празнично расположение особено за оние кои ја обожаваат аромата на вишна. Парфемот е инспирација од француските пејзажи и прошетките во природата, како и возењето со велосипед низ цветните градини, изјавуваат дзајнерите. Присутни се ноти на сандалово дрво.

escada

Парфемот Miss Dior на Dior не запира да се преобразува секоја следна сезона. Оваа пролет нуди тоалетна вода со ноти од црвен портокал, рози и пачули.

Прочитајте и:  Кој е најскапиот парфем на светот?

dior

Модниот бренд Nina Ricci со најновиот парфем Nina L’eau повторно ве кани во бајковито расположение. Благодарение на замрзнатите нијанси на нероли, аромата е свежа, додека пак нотите на јаболковиот цвет, гарденија и бел мошус го прават благороден и женствен. Популарното шишенце- јаболко е нежно розово и украсено со сребрени листови.

ninarici

Новиот парфем на Шакира, Elixir асоцира на танцување. Спојот на портокалов цвет и црн пипер, амбер и праска ќе ви овозможи патување со еден хипнотизирачки свет потонат во желбите и женственоста.

shakira

Новиот парфем од Kenzo – L’ eauparkenzo е создаден како инспирација од стихијата на водата, нејзината страст, непредвидливост и енергија. Парфемот вклучува свежи ноти од јасмин, кедрово дрво, мошус и цитрусови ароми.

kenzo

- Реклама -