Мобилен телефон кој сам се полни

Нокиа Еден од најголемите сонови на модерниот човек е да има технологија која ќе се полни без сите оние здодевни кабли и полначи во кои понекогаш можеме да се загубиме. Нокиа вели оти е на пат да го оствари тој сон. Во нивната лабораторија се доразвива новиот мобилен телефон кој ќе влече електрична енергија од воздухот.

Еден од најголемите сонови на модерниот човек е да има технологија која
ќе се полни без сите оние здодевни кабли и полначи во кои понекогаш
можеме да се загубиме. Нокиа вели оти е на пат да го оствари тој сон.
Во нивната лабораторија се доразвива новиот мобилен телефон кој ќе
влече електрична енергија од воздухот.

НокиаВоздухот е преполн со радиобранови од секаков вид, на различни фрекфенции и со различна јачина. Најголемиот дел од нив и онака остануваат неискористени. Затоа, развојниот тим на Нокиа создал прототип на мобилен телефон кој ќе ги собира радиобрановите во специјален приемник и нивната енергија ќе ја престорува во електрична.

Имајте на ум оти ваквиот начин на „жнеење“ електрична енергија никогаш нема да биде доволен за да ги напојува сите апарати во вашата куќа или пак електричниот автомобил, но прибирањето на слободната електромагнетна сила може да го одржува во живот мобилниот телефон. Веројатно не доколку активно разговарате, но ќе може постепено да го полни додека е во мирување.

Во мигов, тимот стручњаци успеал да искористи до 5 милиампери од слободната енергија. Целта им е во кусо време да стигнат до 20, а за неколку години до 50 милиампери.

Новиот телефон од Нокиа би требало да е комерцијален не порано од 3 и не подоцна од 5 години.

- Реклама -