Што не сте знаеле за пивото?

Станува збор за третиот по популарност пијалак во светот, по водата и чајот, а тоа е пивото. 

Ако во Македонија годишно испиеното количество пиво по жител изнесува 27 литри, постојат земји каде тоа количество е многу поголемо. Во Чешка се пијат по 159 литри по глава на жител, во Германија 109, Австрија 106, Ирска 91, Финска 87.

Доколку сте љубители на пивото следниве факти е неопходно да ги знаете!

-Најголемиот музеј на пивото се наоѓа во САД во Кентаки. Токму таму се изложени повеќе од милион експонати вклучувајќи етикети, лименки, стара опрема за подготвување пиво… Во склоп на музејот работи пиво бар кој собира илјада посетители.

-Светски рекордер во најголема испиена количина на пиво е Мидер од Чешка, инаку готвач по професија. Тој за само три минути испил 10 и половина литри пиво. Неговите колеги велат дека тој секојдневно пие по околу 8 литри пиво.

-Во центарот на Минхен секоја година се одржува популарниот пиво – фестивал Октоберфест. Традицијата на одржување на овој настан е стара веќе 200 години. Посетителите ( околу 6 милиони) секоја година се сместуваат во шатори.

pivo

-На Копенхагенскиот универзитет било направено истражување за врската на пивото и музиката. Било докажано дека јаките и темни сорти на пиво треба да се пијат на музика со високи тонови, а светлото лесно пиво на ниски тонови. Еден филаделфиски композитор инспириран од звукот на сипувањето пиво во бокали од различен материјал создал т.н. пивска симфонија.

-Лековитата моќ на пивото во минатото била многу позната. Сумерите ја плакнеле усната празнина за да ја елиминираат забоболката, а во средниот век со помош на пивото лекарите ги лечеле камењата во бубрезите.

- Реклама -