iPhone Siri: Виртуелен персонален помошник

Повеќе... Се сеќавате на компјутерот HAL 9000 во Одисеја 2001 кој имаше улога на персонален навигатор? Нов пресврт во пребарувањето на интернет ќе овозможи таквите персонални виртуелни помошници да станат реалност.

hand_holding_siri.pngСе сеќавате на компјутерот HAL 9000 во Одисеја 2001 кој имаше улога на персонален навигатор? Нов пресврт во пребарувањето на интернет ќе овозможи таквите персонални виртуелни помошници да станат реалност.

Virtual Personal Assistants (VPA) ја претставува следната генерација на технологијата за користење на интернетот. Во денешниот онлајн простор ние ги следиме линковите на порталите и на резулататите од пребарувањето, додека со VPA корисниците ќе доаѓаат до саканите информации преку виртуелен разговор.

VPA  ќе може да се персонализира на конкретниот корисник и ќе се раководи од преференциите и историјатот на интеракцијата за да ги реши конкретните задачи. Со други зборови, ќе станува се подобар со текот на времето и искуството. VPA е некаква средина помеѓу семантичкото пребарување и вештачка интелегенција.

Siri е првата меинстрим апликација на Виртуелниот личен помошник (VPA). Тој е напреден збир на технологии (препознавање на говор, семантичко обработување на податоци, гео-локација) со цел да понуди дигитален помошник кој на корисниците ќе им овозможи да изведуваат различни задачи преку разговорен, прашање-и-одговор интерфејс. Фокусиран е на мобилната технологија (апликација за iPhone) и е еден од поголемите проекти за вештачка интелегенција во САД (со влог од 150.000 милиони долари во 5-годишниот проект беа вклучени 25 истражувачки организации и институции).

Компанијата која стои позади Siri е со мислење дека за пет години сите кои користат интернет ќе имаат Виртуелен персонален помошник. Siri ќе биде пуштен во употреба ова лето како апликација за iPhone. Можеби деновите на кликање на линковите и веб страниците од мобилните интерфејси во блиска иднина ќе биде потполно заменет со еден поприроден начин на интеракција со светот на информациите – разговорот.

{youtube}E0m0OBIIekA&feature=player_embedded{/youtube}
[Siri: A Powerful Virtual Assistant For The iPhone]

- Реклама -