Соларен шпорет – најдобриот еколошки изум

Повеќе...

Картонската кутија на соларна енергија на која може да се вари, да се пече храна и да се стерилизира вода прогласена е за најдобар изум во борбата против глобалното затоплување. 


solarni_kelii.jpg

Наградата од 75000 долари му припадна на творецот на Kyoto Box, Норвежанецот од Кенија Џон Бомер, на кого му биле потребни дури 5 евра да ја направи оваа кутија. Неговиот изум би им бил од голема помош на луѓето кои користат шпорет на дрва, но и би им помогнал на милијарда сиромашни домаќинства кои би можеле многу да допринесат за екологијата.
"Спасуваме животи и дрва" – рекол Бомер во изјавата на натпреварот FT Climate Change Challenge, на кој учествувале уште четири други изуми – адитив за сточна храна базиран на бел лук кој ја намалува емисијата на метан за 5%, внатрешен разладен систем кој се користи со шупливи плочки, аеродинамична покривка за камионски тркала која ја намалува потрошувачката на гориво и џиновска индустриска микробранова печка за производство на јаглен од дрвата. 
Бомер планира да го испроба својот изум во десет држави, вклучувајќи ја Јужна Африка, Индија и Индонезија, по што би следувало анализа на количеството на јаглерод во воздухот. 
- Реклама -