Еден јапонски истражувачки тим објави дека развил технологија со која може да се реконструираат сликите од умот и да се прикажат на компјутерски монитор. Според истражувачите, со понатамошно усовршување на оваа технологија наскоро ќе биде возможно да се погледне и во туѓите сонови.
Еден јапонски истражувачки тим објави дека развил технологија со која
може да се реконструираат сликите од умот и да се прикажат на
компјутерски монитор. Според истражувачите, со понатамошно усовршување
на оваа технологија наскоро ќе биде возможно да се погледне и во туѓите
сонови.
Кога луѓето гледаат во некој објект, ретината на окото ја препознава сликата која потоа се конвертира во електрични сигнали кои одат во мозочниот визуелен кортекс. Истражувачкиот тим, воден од Yukiyasu Kamitani, успеа да ги „фати“ тие сигнали и потоа да го реконструира она што луѓето го виделе, што е прв пат во историјата да се визуелизира нешто директно од мозочната активност.
Во експериментот, истражувачите им покажале на испитаниците шест букви од зборот „neuron“ и потоа успеале да ги препознаат буквите на екранот од компјутерот само со мерење на мозочната активност. Иако тимот научници успеа да репродуцира само многу едноставни слики од мозокот, оваа технологија може да се развие за да се користи да се визуелизираат туѓите мисли, па и сонови.