Двете најлоши предвидувања на Бил Гејтс

Повеќе...

Американскиот мултимилијардер и сопственик на компанијата Microsoft, Бил Гејтс ќе остане запамтен не само по компјутерите туку и по најлошите предвидувања на полето на технологијата.


gejts.jpg

Американскиот мултимилијардер и сопственик на компанијата Microsoft, Бил Гејтс ќе остане запамтен не само по компјутерите туку и по најлошите предвидувања на полето на технологијата.
Имено, британскиот магазин за технолошки иновации "Т3" објави листа на десетте најлоши предвидувања на сите времиња, меѓу кои се наоѓаат и две Гејтсови, што, пак, докажува дека и најдобрите и најпаметните можат да погрешат.
Гејтс во 1981 година изјавил дека на никој и никогаш нема да му биде потребна повеќе меморија од 640KB на сопствениот компјутер. Денес поголемиот број компјутери се продаваат со барем 2GB меморија што е 3500 пати повеќе. Основачот на Microsoft втор пат се истакнал на листата со уште една своја изјава во која во 2004 година за Светскиот економски форум изјавил дека проблемот со спамовите ќе биде решен за најмногу две години. Денес на сите ни е јасно дека на тоа поле има уште многу да се сработи.
Луѓето сешто кажувале и за телевизијата, за рентген апаратот, телефоните и авионите. Некои дури предвиделе и дека наскоро нуклеарната правосмукала ќе се најде во секој дом. 
 
Но, дефинитивно најлошото предвидување, кое реалноста веднаш го демантирала, го дал британскиот бизнисмен и мултимилионер Алан Шугар во 2005 година, кој на интервјуто за лондонскиот "Telegraph" изјавил дека дигиталниот музички плеер iPod на Apple до следниот Божиќ веќе ќе биде "мртов, готов, заборавен." Оттогаш iPod стана еден од најпобаруваните уреди во последните десет години. Досега во светот се продадени повеќе од 174 милиони парчиња. Уредникот на "T3" смета дека овие двајца и покрај нивното големо знаење и успех умеат и тоа како да промашат. 
Прочитајте и:  Руски авион се запали при слетување во Анталија – сите патници евакуирани (ВИДЕО)
Еве ја и листата на десетте најлоши предвидувања на сите времиња:

1. iPod никогаш нема да заживее – Алан Шугар, 2005 година.
2. Компјутерите никогаш нема да влезат во домовите – Кен Олсен, основач на корпорацијата за дигитална опрема, 1977 година.
3. Правосмукалките на нуклеарен погон за десет години ќе се најдат во секој дом – Алекс Луит, претседател на компанијата "Lewyt" која произведува правосмукалки.
4. Интересот за телевизијата за брзо време ќе помине. Луѓето наскоро ќе се заморат од зјапање во таа кутија секоја вечер – Дарил Занук, 1946 година.
5. После првиот лет на "Boeing 247" кој можел да прими сè на сè десет патници, во 1933 година еден горд инженер изјавил дека никој никогаш нема да направи поголемо летало. 
6. На прагот сме на ракетна пошта – изјавил претседателот на Американски Пошти, Артур Самерфилд во 1959 година. 
7. Никому и никогаш нема да му биде потребна поголема меморија од 640KB – Бил Гејтс 1981. 
8. Телефонот му е потребен на Американците, но не и нам. Ние имаме многу млади курири – Вилијам Прис, главен инженер на Британската Пошта, 1878 година.
9. Проблемот со спамовите за брзо време ќе биде решен – повторно Гејтс во 2004. 
10. Наскоро сите ќе сфатат дека рентген апаратот е чиста измама – Лорд Келвин, претседател на Британското научно друштво, 1883 година. 
- Реклама -