Приватна ракета успешно се лансираше во вселената (видео)

Повеќе...

После три неуспешни обиди, компанијата Spacex конечно успеа да ја лансира својата приватна ракета Falcon 1 во вселената и со тоа да влезе во историјата.
 

После три неуспешни обиди, компанијата SpaceX, основана од  Elon Musk, конечно успеа да ја лансира својата приватна ракета во вселената и со тоа да влезе во историјата.  
 
Во наредните години оваа компанија е со амбиција да го направи вселенскиот транспорт десет пати поевтин и посигурен. Откако Musk заработи цело богатство како ко-основач на PayPal,ангажира некои од најдобрите инжинери во светот да му изградат вселенско летало. Првиот лет на Falcon 1 во 2006-та траеше помалку од една минута, а после тоа следеа уште два вакви неуспешни обиди. Осум минути после неодамнешното лансирање, Falcon 1 достигна брзина од 5.200 метри во секунда и помина под Интернационалната Вселенска Станица.
{youtube}To-XOPgaGsQ{/youtube}   
Овој подвиг е голем чекор напред за приватно финансираните вселенски летови, или како што воодушевен од овој успех Musk го нарече „првиот чекор од многуте други што ќе следат“. Ова е втор ваков успешен подвиг после спектакуларниот суборбитален лет на SpaceShipOne vo 2004 – та. [Spacex Did It – Falcon 1 Made it to Space]
Прочитајте и:  Трамп не успеа да го види фаќањето на ракетата на SpaceX, таа се спушти во Индискиот океан
- Реклама -