Новиот BlackBerry Z10 конечно е претставен.Во прашање е уред кој со својот дизајн не се разликува многу од Nexus 4, а сајтот Talkandroid направи споредба на новиот телефон на BlackBerry со неки од актуелните Android уреди.
Z10 поседува екран од 4,2 инчи, кој би бил еден од најголемите ако телефонот ја виде светлината на денот пред неколку години, но сега се чини многу помал во споредба со екранот на Nexus од 4,7 инчи, а минијатурен ако го ставиме покрај Samsung Note II кој има 5,5 инчен дисплеј.
Исто така, можеби не би било фер да се спореди неговиот 1.5 GHz dual-core процесор со quad-core уредите на претходно споменатите Android уреди. Кога е во прашање RAM, Z10 е прилично рамноправен со неговите соперници со 2GB RAM.
Батеријата, исто така, е прилично еднаква на онаа што ја поседува Nexus и покрај силата од 1800 mAh во споредба со 2100 mAh батеријата на Nexus-от.
Останува прашањето колку луѓето ќе посакаат да го купат Z10 кој со своите спецификации повеќе потсетува на стандарден телефон отколку на супер-телефон кој BlackBerry би требало повторно да го врати на врвот на произведувачите на телефони.
За сите оние кои користат BlackBerry, Z10 се чини како подобар избор од тоа што веќе го имаат во рака, меѓутоа, дали останатите ќе сакаат да го пробаат?