Што ѝ е потребно на вашата кожа во зимските денови?

Зимските месеци се едни од најголемите непријатели на вашата кожа. Ниските надворешни температури во комбинација со сувиот воздух во затворените простории се главниот виновник за безживотниот  и уморен изглед на кожата, нејзината сивкаста нијанса и појавата на лупење, чешање, како и акни и предвремени брчки.

Дознајте без кои нешта вашата кожа не може да изгледа здраво!

Масни киселини

Овие киселини помагаат во борбата со стареењето на кожата. Најважни за организмот се омега-3 и омега-6 киселините.

Извори: Повеќе видови на риба, ленено семе и масло.

omega3

Витамин А и Бета- каротин

Витаминот А е неопходен за кожата, косата и ноктите. Бета –каротинот кој во организмот се претвора во витамин А ја заштитува кожата од разорното дејство на сонцето и има регенативно дејство .

Извори: Растително масло, јајца, овошје со темно-зелена и портокалова боја, диња…

Витамин Ц

Овој витамин го овозможува образувањето на колаген кој е неопходен за еластичноста на кожата и го забрзува процесот на заздравување на раните. Недостатокот на витаминот Ц предизвикува појава на пигметни, односно дамки на кожата.

Извори : Лимон, портокал, грејпфрут, брокули, пиперки, магданос

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Витамин Е

Овој витамин е силен антиоксидант кој го спречува разградувањето на колагенот и со тоа појавата на брчки на кожата.

Извори:  Грав, немасно месо, маслинки, маслиново масло, зелка

Цинк

Учествува во образувањето на колаген и еластин кои го забрзуваат заздравувањето на раните.

Извори: Лосос, сончоглед, бадеми, пилешко месо

losos

Антоцијанини

Го забавува стареењето на крвните садови што овозможува кожата навремено да ги добива сите потребни хранливи материи.

Извори: Црвено вино, грозје, вишни, виолетова зелка

 

- Реклама -