Технологијата ќе ги остави келнерите без работа

deli-touch_iВообичаено за сите ресторани е да имаат вработени луѓе кои доаѓаат до масите на гостите за да ја примат нивната нарачка за храна. Во Јапонија сметаат дека нема потреба од посредник во оваа работа, па затоа го измислија и воведоа производот наречен Deli-Touch.


Вообичаено за сите ресторани е да имаат вработени луѓе кои доаѓаат до масите на гостите за да ја примат нивната нарачка за храна. Во Јапонија сметаат дека нема потреба од посредник во оваа работа, па затоа го измислија и воведоа производот наречен Deli-Touch.

deli-touch

Системот функционира со помош на пенкало кое ги собира бар код информациите за избраното јадење кога истото ќе се заокружи во менито. Тие податоци, безжично се пренесуваат до печатач, каде луѓето кои работат во кујната ја преземаат нарачката. Во тој момент автоматизиран глас ќе им каже на двете страни дека нарачката е направена. Целиот систем чини 45 000 јени (418 долари) за едно месечно изнајмување на 30 специјални пенкала, сервер и печатач, што е многу поекономична варијанта од конвенционалниот начин за примање нарачки преку посредник во улога на келнер.

- Реклама -