Dropbox новитети

Dropbox го претстави споделувањето фотографии на социјалните мрежи, полесно управување со фотографиите, како и брз преглед на документи.

Dropbox денес претстави два нови сервиси кои работат со складирањето услуги на облакот. Првиот се однесува на работа со документи. Наместо едноставно да бидете во можност да преземете документи, сега се нуди брз преглед на самиот сајт. Кликнување на PDF или Office документ ви дава преглед на истиот.

Вториот е поинтересен, а тоа се однесува на фотографиите. Dropbox веќе нуди автоматски прикачување на фотографиите од камерата за iOs и Android, но компанијата се обидува да го направи полесно прегледување и споделување на фотографиите  на социјалните мрежи.

- Реклама -