Седум наслови кои доаѓаат во февруари

Фановите на акциските филмови ќе имаат навистина што да очекуваат бидејќи следуваат наслови со две акциони звезди – Силвестер Сталоне и Брус Вилис.

Иако наредниот месец е обично познат по љубовни приказни и романтични комедии, најавата вели дека ќе гледаме многу куршими и акција.

Warm Bodies

[youtube]07s-cNFffDM[/youtube]

 

Филмот е моќна приказна за човечката врска. По зомби епидемија, Р (необично зомби),  налетува на Џули (девојка која ја преживеала епидемијата), и ја спасува од зомби напад. Џули забележува дека Р е различен од другите и меѓу нив се развива специјална врска.

Bullet to the Head

[youtube]maXSTzmY86g[/youtube]

 

Во овој филм, ликот на Сталоне е платен убиец кој ќе ги здружи силите со њујоршки полицаец за да најдат заеднички непријател, платен убиец по име Киган.

Side Effects

[youtube]NS5MQlDSiS8[/youtube]

 

Во овој филм, Содерберг повторно соработува со Чанинаг Татум по „Magic Mike“, а покрај него ќе ги видиме и Џад Ло, Руни Мара и Кетрин Зета Џонс.

Приказната на Side Effects се врти околу една млада жена (Руни Мара) на која и се препишани лекови за да се справи со стресот предизвикан со излегувањето на нејзиниот сопруг од затвор. Проблемот е што препишаните лекови кај неа предизвикуваат несакани ефекти.

Identity Theft

[youtube]uO12W35DpsQ[/youtube]

 

Комедијата Identity Theft е најновиот проект на Сет Гордон, режисер на комедијата од 2011 година „Horrible Bosses“. Во главните улоги ќе ги видиме Џејсон Бејтмен и Мелиса Мекарти. Приказната го следи Сенди, добронамерен бизнисмен на кого му е украден идентитетот. Тој тргнува на патување да го пронајде крадецот, кој всушност е наизглед безопасна жена која е измамник.

A Good Day to Die Hard

[youtube]i2Y2PpY6fNo[/youtube]

 

Брус Вилис се враќа како Џон Меклејн во петтото продолжение на Умри машки филмот.
Приказната на филмот се одвива во Русија, каде Џон и Џек ќе бидат прелоцирани, во обид да ја растурат глобалната терористичка мрежа која оперира во Москва. Нивната цел е да спречат грабеж на нуклеарно оружје.

Dark Skies

[youtube]Fyu5E9BSX0k[/youtube]

 

Главните улоги се доделени на Кери Расел и Џош Хамилтон.
Во филмот, Расел и Хамилтон играат двајца родители кои се малтретирани од страна на вонземјани, исто како и нивните деца и околината. Додека нивните скептични пријатели и соседи ги напуштаат, двојката е принудена да ги преземе работите во свои раце за да го спасат семејството.

Snitch

[youtube]rieI5g9fgRc[/youtube]

 

Snitch е акционен трилер инспириран од вистинки настани во режија на Рик Роман Вауф, и Двејн Џонсон во главната улога.

Кога еден тинејџер е неправедно уапсен за дистрибуција на дрога и осуден на затворска казна во времетраење од една деценија, таткото прави договор со правобранителот да стане таен информатор и да се инфилтрира во картелот на дрога, ризикувајќи го неговото семејство и неговиот живот.

- Реклама -