Ако оваа година сте решиле да реновирате, ви ги претставуваме најпопуларните светски трендови за уредување на домови за 2013 година
Нова врска меѓу мажите и уредувањето
Невпечатливи детали, помалку јаки бои и функционалност се само некои од карактеристиките за уредувањето на домот со машка доминантност.
„Направи сам“ проекти
Желбата за самоизразување е се поочигледна во домовите насекаде. Сакаме мебел и украси што имаат значење, што не развеселуваат.
Текстура и допир
Ако луѓето до сега не водеа сметка за текстурата на мебелот сега е време за тоа. Луѓето бараат мебел што инспирира топлина и комфор.Антилопата и кожата се материјалите што ќе ги дефинираат ентериерите во светот во 2013 година.
Везени и плетени детали
Ако ништо не сте научиле од вашите баби, штета. Везот и плетените детали се главни трендови за 2013 година. Од шарени теписони до интересни корпи, рачно изработените детали се враќаат во мода.
Пруги,пруги,пруги
Најлесен начин да доловите динамичност и енергија во ентериерот е да ги практикувате пругите. Килими, тапети… секаде.
Цветни дезени на бела позадина
Цветните дезени повторно се во мода, но сега доаѓаат на бела позадина. Му даваат романтичен печат на ентериерот, а може да експериментирате со боите.
Африканско влијание
Се повеќе и повеќе модерни вили се уредуваат во африкански стил кој во 2013 година е главен тренд. Носи топли бои и анимал принтови.
Рачно цртање и пишување по ѕидови
Рачното цртање и пишувањето по ѕидови оваа година ќе стане попопуларно. Замислете ја вашата омилена порака напишана на ѕидот во вашата соба.