Sega најавува нови иновативни играчки кои ќе можат да бидат контролирани преку мозочни бранови и други био-сигнали. За таа цел компанијата се обедини со NeuroSky, креаторот на нискобуџетни био-сензори. NeuroSky веќе подолго време ја промовира идејата за ваква технологија контролирана од моќта на мислите, а создавањето на вакви играчки ќе биде еден голем чекор напред. За жал деталите сеуште не се објавени, па останува само да си замислуваме како ќе изгледаат. [Mind-Controlled Toys]