ФОТО: Бекам на тренинг со Арсенал

Англиската фудбалска икона Дејвид Бекам се појави во тренинг базата на Арсенал и одработи тренинг со „топчиите“, а јавноста на Островот веднаш почна со шпекулациите дали ветеранот има „дил“ со Арсен Венгер. Популарниот Бекс се уште е одличен играч, би можел несомнено да одговори на предизвикот што го бара Премиер – лигата, а го носеше бројот „29“, кој сега е празен, по заминувањето на Маруан Шамак на позајмица во Вест хем.

bekam vo arsenal 2 golema
Ова не мора да значи ништо, бидејќи во 2008 година Бекам исто така тренираше со Арсенал и не потпиша договор, а две години подоцна беше на тренинзи и со Тотенхем. Но, фановите на Арсенал секако би сакале да го видат Дејвид Бекам во своите редови, па дури и ако е на залез од својата фантастична кариера.

Прочитајте и:  Артета се пожали на романскиот судија по поразот од Интер
- Реклама -