Доколку диетата ви го диктира количеството на дневно дозволени калории, треба да внимавате на продуктите кои ги избирате и на начинот на нивна подготовка.
Овие три рецепти вклучуваат здрави продукти кои со правилен начин на подготовка ги задржуваат хранливите материи, а истовремено минималното количество на калории не претставува закана за вашата фигура.
Пријатни кулинарски моменти и уште попријатен апетит!
Ориз на пареа
Потребни ви се 2 чаши кафеав ориз и 3 чаши студена вода. Измијте го оризот неколку пати со ладна вода и оставете го да се исуши. Потоа префрлете го во метален сад во кој ќе ја додадете водата и ќе оставите да постои околу еден час.Потоа ставете го оризот да се вари на пареа околу 25 минути, а потоа оставете го да стои во покриен сад уште 10 минути.
Палачинки од пилешки гради
Потребни ви се 100 грама пилешки гради, 2 јајца, главица кромид, растително масло, сол, црн пипер или други зачини по желба. Најпрвин сварете ги пилешките гради. Кога ќе бидат готови исечете ги на мали парченца, а потоа во блендер измешајте ги заедно со ситно насечканиот кромид. Кон смесата додадете ги јајцата, 50 милилитри од течноста во која се вареле пилешките гради и зачинете по желба. Откако добро ќе ја промешате смесата, направете палачинки и пржете ги во врел зејтин по 2 -3 минути.
Зеленчукова супа
Потребни ви се коцка супа, 3 варени компири, 2 варени јајца, целер, магдонос, рузмарин и 1 чаша јогурт или павлака. При варењето на супата додадете ги ситно исечканите компири,јајцата и зачините.Варениот компир можете да го замените со свежа краставица.Зеленчуковата супа послужете ја со јогурт или павлака како додаток.