OpenMoko:Револуција во мобилната телефонија

open-source-phone-pОва можеби изгледа како смел наслов, со оглед на тоа што Apple неодамна
го откри својот iPhone кој вклучува некои импресивни опции и
спецификации. Сепак, ова е дефинитивно најголемиот ривал на iPhone и
иднината на мобилните телефони.


Ова можеби изгледа како смел наслов, со оглед на тоа што Apple неодамна го откри својот iPhone кој вклучува некои импресивни опции и спецификации. Сепак, ова е дефинитивно најголемиот ривал на iPhone и иднината на мобилните телефони.
black_big
OpenMoko е базиран на отворени(open) технологии, комплетно флексибилен за контрола од секого. Неговата отвореност е големиот потенцијал за овој телефон кој е направен по спецификации за open хардвер и користи слободен софтвер за оперативен систем, на платформа позната како GNU/Linux. Тоа значи дека целиот хардвер и софтверски код е отворен за оние што сакаат да го развиваат, односно инженерите и дизајнерите кои сакаат да креираат работи и да одат понатаму од постоечкиот iPhone.

Моменталната ситуација на мобилниот пазар не е баш сјајна ако се грижите за стандардизација и отвореност. Буквално секој произведувач има своја сопствена платформа која ја развива, па ако сакате да добиете нови опции и услуги вие ќе бидете целосно зависни од производителот.

Меѓутоа, визијата позади OpenMoko открива еден комплетно различен свет. Тоа е свет каде постои една единствена стандардна платформа за мобилни телефони која е пријателски отворена за сите што сакаат да ја развиваат. Со купувањето на ваков телефон вие може да го инсталирате или отстраните софтверот по желба, со тоа подредувајќи го телефонот на вашите потреби, слично на начинот на кој го правите тоа со вашето PC.

OpenMoko е огледало на екосистемот на open-source софтвер кој создаде работи како GNUU/Linux, Mozilla Firefox, Apache, PHP, Joomla и други импресивни софтверски технологии.

Моментално, неговата цена е $300 USD што е двојно помалку од цената на iPhone.

openmoko28
А еве ги и неговите спецификации:

2.8" VGA TFT color display
Touchscreen, usable with stylus or fingers
266HZ Samsung System on a Chip (SOC)
USB 1.1, switchable between Client and Host (unpowered)
Integrated AGPS
2.5G GSM – quad band, voice, CSD, GPRS
Bluetooth 2.0
Micro SD slot
High Quality audio codec

[OpenMoko официјална страница]
[Споредба на iPhone и OpenMoko]

- Реклама -