Прво ексклузивно видео на Ријана во кое зборува за својата модна колекција.
24-годишната пејачка на своите фанови им дава поглед на долгоочекуваната нејзина колекција за „River Island“ прикажувајќи ги моделите и разговарајќи за деталите со нејзиниот ко-дизајнер.
Облечена во едноставна црна маица и капа за бејзбол, Ријана објаснува дека нејзината желба за модна линија е уште од поодамна, од кога започнува да ја сака модата.
„Мојот стил е инспириран од моето расположение. Оваа колекција дефинитивно ќе има голем број на различни расположенија, различни ставови, а претпоставувам дека и моите фанови ќе бидат на ист начин. “
Продажбата започнува на 5 март и ќе биде промовирана на лондонската модна недела со целосна модна ревија и забава по завршувањето на истата.