Поминаа три месеци од претставувањето на четвртата генерација на iPad и се чини дека сега е вистински момент за гласините дека на пат е и петтата генерација, како и новиот iPhone.
Џереми Хоровиц од сајтот iLounge добил прилика да го види уредот што би требало да ја претставува редизајнираната петта генерација на iPad, пишува Wired. Уредот дели скоро идентичен дизајнерски пристап како на iPhone 5 и на iPad mini – голем екран и минимален простор за камера и „home“ копче.
Иако некои аналитичари очекуваа негово претставување во март, Хоровиц мисли дека поверојатно е тоа да се случи во октомври со оглед на состојбата на дизајнот и потребниот процес на производство.
Новиот iPad би можел да има IGZO Sharp дисплеј, а се шпекулира дека и iPad mini ќе има идентичен дисплеј кој ветува значително подобро осветлување и поиздржлива бетерија. Во 2013 година се очекува и iPhone 5S што и не е толку неочекувано.
Новиот iPhone би требало да изгледа како неговиот претходник само со поголем заден блиц, додека при изработката би требало да бидат користени повтини материјали. Ова би требало да му помогне на Apple уредот да се пробие на пазарите во развој каде што продажбата на iPhone е лоша поради неговата цена.