Samsung го претстави Xcover II, 4-инчен водоотпорен Android смартфон наменет за истражувачите кој работи на Android 4.1 (Jelly Bean) со 5-мегапикселна камера и 1Ghz dual-core процесор.
Уредот е направен да издржи на тешки временски услови, додека ги задржува некои од функционалностите и изгледот на фините Galaxy телефони. Xcover II е отпорен на прашина и песок, што го прави погоден за градежниците а исто така и водоотпорен до длабочина до 1 метар, што значи може да фотографирате подводно со соодветна маска.
Најимпресивно е што Xcover II може да издржи до 570 часа поради својата 1.700 mAh батерија. Има 4GB внатрешна меморија, иако ова може да се дополни со макс. 32GB со microSD картичка.