Музика преку тело

bodyheadphpponesВо истражувачката лабораторија на Sony пронашле начин како да ги
поврзат слушалките со портабилната музика, без потребата од жици.

bodyheadphonesВо истражувачката лабораторија на Sony пронашле начин како да ги поврзат слушалките со портабилната музика, без потребата од жици.

Тие едноставно го поврзале аудио сигналот директно преку телото на слушателот.

Постоечките безжични слушалки користат блутут, но ова значи дека треба да се поврзат две направи и е зависно од посметувањата на другите апарати. Друг пристап се инфра-црвените зраци кои зависат од видното поле, па затоа нивната практична употреба е ретка.

Новиот систем го користи телото на слушателот како кондензатор кој пренесува мало електростатичко полнење. Пар спроведливи перничиња во слушалките го примаат сигналот и рапидно го конвертираат во звук.

Прочитајте и:  Sony најави ретро PS5 и PS5 Pro за прослава на 30-годишнината

За да се конвертира мало напојување во добар аудио квалитет, Сони користи високо-фрекфентен сигнал кој е дигитално преобратен во само 48 килобајти во секунда. Тоа засега не е доволно, бидејќи квалитетот на звукот кај обичното ЦД се движи околу 96kbps.

Меѓутоа се над 48kbps би било болно за слушателот, односно неговото тело. Поголем квалитет на песната автоматски доведува и до поголема болка.

Доколку Сони не изнајде начин да го подобри квалитетот, чувствуваме дека аудиофилите ќе почнат да се фалат колку можат да издржат слушање музика на 320kbps(висок квалитет), па можеби Сони ќе треба да излезе на пазарот со нова палета – производи за мазохисти.

- Реклама -