Збогум Аибо, Здраво Генибо

 Не помина многу време откако Sony го прекина производството на своето робот-милениче Аибо, вредните Корејци го најавија Генибо.

Не помина многу време откако Sony го прекина производството на своето робот-милениче Аибо, вредните Корејци го најавија Генибо.


Производителот Dasatech од Bucheon, провинцијата Gyeonggi направи две
миленичиња-роботи кои ќе можете да ги користите исто како сега веќе
“покојниот“ Аибо. До сега овие роботчиња служеле за испитувања, но
откако го снема Аибо од пазарот, Корејците се решија да ги продаваат.

Genibo личи на бул-териер и е 30cm висок, 33,4cm долг, а тежи 1.5kg.
Разбира околу 100 зборови како на пример "дојди", "седни", "мрдај ја
опашката" и "стој на глава".
Со галење или пак со играње со топче, роботчето прави среќни гримаси.
Исто така е способно да се движи низ куќа и да избегнува препреки. Три
години развој, 17 мали моторчиња, процесор, Bluetooth… Добредојде,
Генибо.

- Реклама -