Највисоките 10 облакодери кои ќе бидат доизградени во 2013 година

Како што полека тече 2013 година, да ги погледнеме десетте највисоки облакодери кои треба да се дозавршат со изградбата низ светот оваа година.

1. Eton Place Dalian  – 383 метри

1

Највисоката зграда што треба да се заврши во 2013 година е 383-метарската кула „Eton Place Dalian“, повеќенаменски комплекс во град во североисточна Кина. Дизајниран од страна на архитектите NBBJ, стаклениот облакодер допрва треба да стигне до полната висина, но штом заврши тоа ќе биде една од топ 20 највисоки згради во светот.

2. The Domain – 381 метар

2

Лондонската фирма „Foster+Partners“ е на второто место со станбениот блок „The Domain“, најголемата од трите кули во изградба која е при крај, на местото на стариот централен пазар во Абу Даби.

3. JW Marriott Marquis Hotel – 355 метри

33

На третото место е кулата на „JW Marriott Marquis Hotel“ хотелот во Дубаи, на Archgroup консултантите. Првиот од двата облакодери на хотелот беше завршен во 2012 година и се наоѓа на 355 метри, што го прави највисокиот хотел во светот. На иста висина, кулата број два ќе се заврши оваа година и е дизајнирана да изгледа како првата кула гледана во огледало.

4. Chongqing World Financial Centre – 339 метри

3

Втора зграда на листата која се наоѓа во Кина е „Chongqing World Financial Centre“, 73-катната кула со канцеларија во изградба во третиот по големина град во земјата. Облакодерот кога ќе биде завршен би требало да има височина од 339 метри, што го прави четвртата највисока зграда која ќе се заврши во 2013 година.

5. Mercury City Tower – 339 метри

4

На петтото место е Московската „Mercury City Tower“, која веќе го престигна облакодерот на Рензо Пијано – „The Shard“ како највисок облакодер во Европа.

6. Modern Media Centre – 332 метри

5

Шестиот највисок облакодер што ќе се заврши во 2013 година ќе биде „Modern Media Centre“ во Џангжу, со височина од 332 метри. Зградата ќе содржи 57 ката кои ќе се приспособат во производствени капацитети за телевизија, , анимација и радио.

7. Ryugyong Hotel – 330 метри

6

Озлогласениот „Ryugyong Hotel“ во Северна Кореја конечно треба да се заврши во 2013 година, 24 години подоцна од предвидениот рок, и е на седмото место на нашата листа. Наречен „Хотел на пропаста”, на 330 метри пирамидалната зграда во Пјонгјанг беше првиот што се гради во 1987 година. Градежните работи беа прекинати во 1992 година по распаѓањето на Советскиот Сојуз кој го остави градот во економска криза и работите не продолжија до 2008 година.

8. Al Yaqoub Tower – 328 метри

7

Следна на нашата листа е „Al Yaqoub Tower“, 328-метарскиот облакодер со апартмани и хотел кој се наоѓа во Дубаи.

9/10. The Landmark и Deji Plaza – 324 метри

8

Деветтата позиција ја делат две згради, повеќенаменскиот комплекс „The Landmark“ во Дубаи, Абу Даби од „Pelli Clarke Pelli Architects“ и облакодерот со бизнис просто кој се издига над Дежи Плаза трговски центар во Нанџинг, Кина. Двете кули имаат височина од 324 метри, но првиот облакодер се одликува со заоблен профил додека вториот има правоаголна форма.

9

- Реклама -