„Лек“ за стареење

стареењеАко предвидувањето на Обри де Греј е точно, првата личност која ќе живее до 150-от роденден е веќе родена. А првата личност која ќе живее 1000 години ќе се роди во наредните 20 години. Биомедицински геронтолог и главен научник во фондација посветена на продолжување на живото, де Греј мисли дека додека тој е жив докторите ќе ги имаат сите алати потребни за „лекување“ на стареењето.

„Би рекол дека има 50/50 шанси за добивање одлучно ниво на медицинска контрола врз стареењето во следните 25 години“ рекол де Греј во интервју пред негово предавање пред Royal Institution академија на науки во Британија. „Под одлучно подразбирам ист тип на медицинска контрола каква што денес имаме над заразните болести. Де Греј предвидува дека луѓето ќе одат кај своите доктори на редовно „одржување“, што до тогаш ќе подразбира генетска терапија, терапија со матични клетки, стимулација на имунитетот и голем број други напредни медицински техники за одржување на доброто здравје.

Тој живее во близина на Кембриџ Универзитетот каде што докторирал во 2000 година и е главен научен извршител и еден од основачите на непрофитната SENS (Strategies for Engineered Negligible Senescence) Фондација сместена во Калифорнија. Тој го опишува стареењето како акумулација на разни типови на молекуларно и клеточно оштетување во телото насобрано во целиот живот. „Идејата е да се започне со таканаречена превентивна геријатрика, каде што на одредени интервали одите на поправање на молекуларната и клеточната штета пред истата да достигне ниво кое е патогенско“ објаснува тој.

Прочитајте и:  Шест фактори на ризик за преддијабетес

Колку многу и колку брзо ќе се зголемува животниот век е тема на дебата, но трендот е јасен. Во моментов просечниот животен век продолжува во просек по три месеци годишно а експертите проценуваат дека во светот би можело да има околу еден милион стогодишници до 2030 година. До сега, најстарата личност во светот живеела рекордни 122 години, а само во Јапонија во 2010 имало над 44.000 лица над сто години. Но некои истражувачи велат дека трендот би можел да опадне поради епидемија на дебелина која се шири од богатите земји во земјите во развој.

Идеите на де Греј можеби звучат неверојатни, но 20.000 долари кои биле понудени од Институтот за Технологија од Масачусетс (MIT) како награда за било кој молекуларен биолог кој ќе докаже дека SENS теоријата на де Греј е „толку грешна што не е достојна за научна дебата“ никогаш не била освоена. Судиите на тој панел биле поттикнати поради нападот врз де Греј од група од девет врвни научници кои ја оцениле неговата работа како „псевдо наука“. Панелот заклучил дека оваа етикета не е фер, велејќи дека SENS „постои во ничија земја од идеи кои сè уште треба да бидат тестирани кои можат да заинтригираат некои личности но за кои други можат да бидат скептични“. [Who wants to live forever? Scientist sees aging cure]

- Реклама -