Сексот ви стана здодевен и ја губите волјата за акција? Сите жени мора да ги применат овие совети за да го оживеат својот сексуален живот.
Доминирајте
Малку за промена ставете се себе на прво место, разбудете ја лавицата во себе и правете што сакате. Вашата доминантност во кревет ќе ве задоволи вас, но и вашиот партнер. Ако му покажете на партнерот дека знаете што сакате, тоа уште повеќе ќе го возбуди. Секако, тоа не значи дека засекогаш ќе ја преземете власта во кревет, но од време на време треба да ги пуштите кочниците и да се препуштите во малку поинаков филм.
Лубриканти
Кој би рекол дека малку лубрикант може да ве доведе до екстаза? Постојат повеќе работи што можат да ја загрозат природната навлаженост на жената – дехидрација, пилули, стрес, антидепресиви, бременост или доење. Експертите објаснуваат дека со додавање на лубрикант се зголемува задоволството, се подобрува чувствителноста, се продолжува активноста и помага против пукање на кондомот.
Долна облека
Одберете скандалозно парче долна облека со градник или чипкасти чорапи. Ќе ја разбудите секси жената во себе. Само внимавајте да ви биде удобно затоа што, во спротивно, нема да имате корист од тоа.
Истражете ја ПС точката
Се работи за точка која се наоѓа помеѓу вагината и ректумот. Оваа област е покриена со сунѓересто ткиво, така при поттикнување крвните садови се полнат со крв и како резултат на стимулација се јавува оток на областа, како што е случајот со пенисот или со клиторисот за време на сексуална возбуда.
Филмови за возрасни
Секси играчките понекогаш се совршена анимација за двајцата, а истото правило важи и за порно филмовите. Авторката на книгата „Ultimate Guide To Adult Videos: How to Watch Adult Vidoes And Make Your Sex Life Sizzle“, Вајолет Блу, смета дека заедничкото гледање на порно филмови е исто како добри секс играчки што ја загреваат атмосферата.
Заобиколете го секојдневието
Семејниот живот бара премногу од вас, па не зачудува тоа што никој не е премногу заинтересиран за секс доцна навечер откако децата ќе заспијат и ќе завршат сите дневни обврски. Има лек за тоа – предигра,започнете со СМС пораки и мистериозни погледи, а кога се во домот ќе се смири и ќе дојде време за акција, ќе имате повеќе волја.