Човечко срце создадено во лабораторија

срцеНаучници создаваат човечко срце во лабораторија и се надеваат дека нивниот успех ќе претставува надеж за милиони пациенти кои имаат срцеви проблеми. Вештачкиот орган бил создаден со отстранување на мускулните клетки од донирано срце по што останал само цврст „скелет“ од сврзно ткиво.

Научниците потоа додале матични клетки од пациент на безживотната рамка. Клетките се множеле е пораснале околу структурата со форма на срце и со текот на времето се претвориле во здрави срцеви клетки. Американските научници веруваат дека вештачкото срце ќе започне да чука за неколку дена.

Иако сè уште има неколку години до создавање на целосно функционално срце, експериментот е голем чекор кон првите органи создадени по нарачка. Доктор Дорис Тејлор, експерт по регенеративна медицина од Универзитетот од Минесота изјавила: „Срцата растат и ние се надеваме дека ќе започнат да чукаат во следните неколку недели.“

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

„Има многу пречки кои треба да се надминат за создавање на целосно функционално срце, но јас предвидувам дека еден ден ќе можеме да создаваме цели органи за трансплантации“ додала доктор Тејлор.“ Овој експеримент се надоврзува на низа успеси на научниците кои се обидуваат да создадат резервни делови за трансплантации во лабораторија.

Во 2007 година британски доктори создале срцев залисток во лабораторија користејќи матични клетки земени од коскената срж на пациент. Една година подоцна научници првпат создале целосно функционално срце од животно. Човечкото срце се создаваат користејќи матични клетки – несозреани клетки кои сè уште ја имаат способноста да се претвараат во различни типови на ткива. [Live human heart grown in lab using stem cells in potential transplant breakthrough]

- Реклама -