Добар ноќен сон – здраво срце

Добар ноќен сон - здраво срцеДремнување, одење на спиење рано навечер… сите сметаме дека тоа е еден вид мрзливост, но ретко кој од нас знае дека тоа го „сака“ нашето срце!

Научниците откриле дека квалитетен и оптимален сон може да помогне во одржување на здравјето на срцето и крвните садови, а тоа всушност значи помал ризик од срцеви болести и срцев удар. Во петгодишната студија извршена врз средно возрасни луѓе било утврдено дека тие што имале квалитетен и доволно долг ноќен сон имале ниско ниво на калцумски депозити во нивните артерии. Ова е добра вест бидејќи калциумовите депозити помагаат во формирање на плаф врз ѕидовите на крвните садови, тие се стеснуваат па дури можат и потполно да се затнат.

Но студијата не открила дали има екстра придобивки ако човекот спие подолго од 8 часа, бидејќи вообичаено ноќното спиење трае 7 до 8 часа во зависност од возраста. Како и да е, нема сомнение дека здравите навики во врска со спиењето се добри за срцето и крвните садови и за општото здравје на нашиот организам. Се разбира дека постојат и други ризик фактори како што е наследниот фактор, пушењето, физичката неактивност и др.

Лишувањето од сон покрај тоа што е лошо за срцето може да му наштети на здравјето на многу други начини. Може да предизвика поспаност, раздразливост, стрес, склоност кон предизвикување несреќи, па дури и зголемување на телесната тежина.

Значи добриот сон е добар за сѐ, но понекогаш никако не можеме да заспиеме! Еве неколку испробани начини како да го „викнете“ сонот:

1. Банани – Тие се практично пилула за спиење во кора. Покрај што потикнуваат лачење на мелатонин и серотонин, бананите содржат магнезиум, кој помага за опуштање на мускулите.

2. Камилица – Чајот од камилица е многу добар за заспивање заради неговиот благ седативен ефект, што го прави совршено природен „противотров“ за немирни умови и тела.

3. Топло млеко – Тоа не е само мит. Млекото има триптофан, аминокиселина која има седативно дејство, како и калциум, што му помага на мозокот да го употреби триптофанот. Плус, тука е и психолошко враќање назад кон детството, кога тополо шише значеше: „Опушти се, сè е во ред“.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

4. Мед – Лажица мед во вашето топло млеко или чај е како дождец врз сува земја. Многу шеќер е стимулирање, но малку гликоза му кажува на мозокот да го исклучи orexin-от, неодамна откриен невротрансмитер кој е поврзан со будностa.

5. Компири – Еден мал печен компир може да поттикне проѕевање-поттикнување на триптофан. Благотворно делува смесата од компири и топло млеко.

6. Бадеми – Бадемите спаѓаат во група на јаткасти плодови како и оревите и се мошне здрави за срцето. Тие содржат триптофан како и убава доза на магнезиум кој ги релаксира мускулите.

7. Ленено масло – Кога нема природен дожд може и вештачки. Две лажици од овие здрави мали семчиња или малку ленено масло во овсена каша добро ќе ви дојде пред спиење. Лененото семе и масло се богати со омега-3 масни киселини.

8. Пченичен леб – Парче тост со вашиот чај и мед ќе порача инсулин, кој му помага на триптофанот да стигне до мозокот, каде се претвора во серотонин и тивко мрмори: „Време е за спиење“.

9. Овсена каша – Овесот е богат со мелатонин. Мала порција на топла овсена каша со јаворов сируп ќе ве лансира брзо во пределите на добриот сон.

10. Мисирка – Тоа е најдобро познат извор на триптофан. Но, тоа е всушност модерен фолклор. Но, не е спорно дека парче посно месо од мисирка и пченичен леб е вечера за добар сон.

Што ако ниту еден од овие совети и прехранбени производи не помага? Проверете и испитајте што му пречи на вашиот сон. Сигурно ќе откриете! Таблетите за спиење – само ако ништо не помага, а сте ужасно гладни за сон.

- Реклама -