Пет добри стари секс пози на многу подобар начин

Со неколку трикови освежете ги старите пози и не дозволувајте вашиот сексуален живот да прејде во навика. Потребни ви се само фантазија, волја и огромна количина на страст.

Заробете го лежејќи

Легнете на грб и со едната нога опфатете го неговиот струк, а другата ставете ја на неговото рамо. Важно е во оваа положба да се мрднете неколку сантиметри на страна со што ќе постигнете поинтензивно взаемно задоволство. Со оглед на тоа што партнерот има ограничени можности за движење во оваа положба, подолго време ќе остане во иста позиција. Охрабрете се и преземете иницијатива, ритмички стегајте ги вагиналните мускули со лесно движење на колковите и доведете го вашиот партнер и себе си до оргазам.

the-butterfly-sex-position5

Врзете го

За овој потфат прво побарајте согласност од вашиот сакан, откријте му дека ќе го врзете, но сѐ останато нека остане ваша тајна. Спремете две свилени ленти, со едната покријте му ги очите, а со другата врзете му ги рацете. Вашите усни нека го допрат секој дел од неговото тело, а посебно внимание посветете на пенисот. Кога полека ќе се одаде на вашата претстава и ќе почне забрзано да дише, одврзете му ги рацете и кога ќе дојде до ерекција седнете на него. Полека наведнувајте се наназад, забрзајте ги движењата и како шлаг на крајот тргнете му го превезот од очите.

Лице во лице

Двајцата легнете со исправени нозе дека тој се наоѓа врз вас, во овој случај погледите на двајцата се вперени еден кон друг.Бакнежите ќе го направат сексот поинтимен. Сексот во оваа поза пружа исто задоволство како и оној од позади, само што контактот во препоните е поинтензивен. Фактот дека се потпира на вас со цела тежина ја засилува пенетрацијата и притисокот на клиторисот и Г точката.

modified-coital-alignment-technique-sex-position2

На работ на креветот

Седејќи на работ на креветот, подигнете ги колковите потпирајќи се на раце. Вашиот партнер нека остане во стоечка положба и придржувајќи ги вашите нозе со кои ќе го опфатите неговииот струк нагло нека влезе неговиот пенис во вас.

Зајавајте го со свртен грб

Додека тој лежи опуштено на грб вие седнете на него и сервирајте му го најубавиот поглед на вашиот задник. Кога ќе пронајдете рамнотежа на телото и ритам на движење, дигнете ги рацете високо во воздух со што ќе постигнете подлабока пенетрација, а нему ќе му овозможите да ужива во глетката.Кога ќе имате целосна контрола над брзината на пенетрацијата, задоволувајте се со галење на градите. Вашето задоволство него ќе го доведе до оргазам кога вие ќе одлучите.

the-seated-scissors-sex-position2

- Реклама -