Јаглехидратите можат да ви помогнат да ослабите

јаглехидратиИсхрана полна со одреден тип на јаглехидрати е малку позната тајна за намалување на и одржување на тежината. Под одреден тип на јаглехидрати се подразбира „отпорен скроб“.

Стотици студии спроведени од почитувани универзитети и истражувачки центри покажале дека отпорниот скроб ви помага да конзумирате помали количини храна, да согорувате повеќе калории, да имате повеќе енергија, помалку стрес и да имате понизок холестерол. Звучи премногу добро? Еве неколку причини зошто мора да ги вратите јаглехидратите во вашата исхрана ако сакате да имате помала тежина и витка става.

Неодамнешна студија открила дека најслабите луѓе јадат најмногу јаглехидрати, а подебелите јадат најмалку. Истражувачите заклучиле дека шансите за намалување на тежината и одржување на помала тежина се најдобри кога јаглехидратите се 64 проценти од вкупниот број на калории потребни во еден ден, или 361 грам. Тоа е еквивалент на неколку полнети печени компири.

Повеќето диети го ограничуваат конзумирањето на јаглехидрати на помалку од 30 проценти од вкупниот број на калории и најчесто содржат околу 30 грама дневно.

Многу видови храна кои содржат јаглехидрати имаат способност да го надвладеат апетитот. Тие можат да ве заситат подобро и од протеините и мастите. Овие специјални јаглехидрати ве заситуваат бидејќи организмот ги вари побавно од останатите типови храна, со што го поттикнуваат чувството на ситост и во стомакот и во мозокот.

Истражување спроведено на Универзитетот од Сари во Велика Британија покажало дека конзумирањето отпорен скроб во само еден оброк придонело учесниците во студијата да конзумираат 10 проценти помалку калории наредниот ден, бидејќи чувствувале помалку глад… [8 reasons carbs help you lose weight]

- Реклама -