Тест на крвта ќе открива присуство на рак

Мехмет ТонерНаучници од Бостон кои соработуваат со Johnson & Johnson развиваат тест на крв кој е толку чувствителен што ќе може да идентификува само една единствена канцерогена клетка помеѓу милијарди здрави клетки.

Партнерите во овој проект во понеделникот изјавиле дека се надеваат дека новиот тест наскоро ќе биде достапен на пазарот. Многу доктори веруваат дека залутани карценогени клетки во крвта би биле сигурен доказ за присуство на тумор. Тест кој би можел да ги детектира овие клетки има потенцијал да ги трансформира методите за лечење на многу типови на рак, особено рак на дојката, простатата, дебелото црево и рак на белите дробови.

На почетокот докторите сакаат со помош на овој тест да го предвидат третманот кој би бил најсоодветен за секој пациент, и брзо да откријат дали тој е ефективен. „Ова е како течна биопсија, без болката од земање примерок од ткивото, која може да понуди и подобар начин за надгледување на состојбата на пациентите од периодичните скенирања“ изјавил доктор Даниел Хабер од одделението за онкологија од Општата Болница во Масачусетс и еден од научниците кои го развиле овој тест.

Прочитајте и:  Лекар предупредува дека на повеќето луѓе им недостасуваат овие 5 витамини

Идеално, овој тест би дал алтернативен начин за детекција на канцерогени клетки спореден со останатите помалку идеални методи кои се користат во моментов. „Постои голем потенцијал, и токму затоа постои и многу возбуда“ додал доктор Марк Крис, онколог од Њујорк. Тој немал никаква улога во развивањето на тестот, но болницата во која работи е една од четирите кои планираат да извршат студии со новиот тест годинава. [Blood test to spot cancer gets big boost from J&J]

- Реклама -