Нов вид на пајак ќе го носи името на Боно од U2

Биологот Џејсон Бонд на еден од новооткриените 33 видови на пајаци му го даде името ‘Aptostichus bonoi’.

Инспирацијата за додавање на боно во името на видот на тарантула ја добил бидејќи овој вид бил пронајден во Националниот парк Џошуа Три, потсетувајќи го Џејсон на албумот на бендот U2 од 1987 година ‘The Joshua Tree’.

tarantula1

Џејсон претходно има и друг вид пајаци именуван по славна личност т.е. Анџелина Џоли – ‘Aptostichus angelinajolieae’.

- Реклама -