7 најдобри начини за согорување калории

согорување калорииНе секој може да си дозволи скапа опрема за вежбање. Но, ако и покрај тоа сакате да ја одржувате својата форма и здравје, тогаш посојат едноставни кардио вежби кои ќе ви помогнат да ги согорите несаканите маснотии. Еве неколку вежби кои се одлични за согорување на калории и гарантирано ќе го забрзаат вашиот метаболизам.

Не секој може да си дозволи скапа опрема за вежбање. Но, ако и покрај тоа сакате да ја одржувате својата форма и здравје, тогаш посојат едноставни кардио вежби кои ќе ви помогнат да ги согорите несаканите маснотии. Еве неколку вежби кои се одлични за согорување на калории и гарантирано ќе го забрзаат вашиот метаболизам.

согорување калории

1. Возење ролери
Согорува 425 калории за 30 минути

Возењето ролери може да биде многу забавно, поради што многу луѓе забораваат дека и ова претставува вежбање. Исто така, оваа активост е на врвот на оваа листа според бројот на согорени калории.
Големиот број согорени калории е поради страничното движење на мускулите на бутовите и задникот (активност за која е потребна повеќе енергија отколку втората на листава – трчањето). Исто така, додека возите ролери ги вежбате и мускулите во вашата половина преку постојаното одржување рамнотежа. Дополнителен бонус е што ги добивате овие бенефити без преголем стрес на вашите колена и зглобови. Одржувајте постојано темпо и не заборавајте ја заштитната опрема.
За дополнително согорување:
Обидете се од време на време да го промените темпото. Една минута брзо возење, па една минута смирено возење.

2. Трчање
Согорува 374 калории за 30 минути

Типичниот трчач е слаб поради добра причина: Мускулите кои се најважни за трчањето – нозете, задникот, половината – се и најголеми потрошувачи на енергија во човечкото тело. За максимален ефект со секој чекор, чувајте ги рацете блиску до телото, не се навалувајте нанапред и не ги подигајте нозете многу високо од земјата. За да го намалите стресот врз колената, допирајте ја земјата прво со средината на стапалото, а потоа префрлете ја тежината на прстите.
За дополнително согорување:
Менувајте ја брзината, или обидете се да трчате по ридови

3. Скокање со јаже
Согорува 340 калории за 30 минути

Оваа активност мораше да биде на листата. Сепак се работи за една од омилените вежби на професионалните боксери.
За да го добиете максимумот од секој скок, користете јаже чии краеви ги достигнуваат вашите гради кога стоите на средината од јажето, и придржувајте се до овие совети: Нозете нека ви бидат малку раздвоени кога скокате а телото нека ви биде исправено, скоковите нека бидат ниски. Немате јаже? Истиот ефект ќе го постигнете и ако ги имитирате движењата без да користите јаже.
За дополнително согорување:
Често менувајте ги брзината и стилот (скокајте на една нога, па на двете), или ако мислите дека ќе ви успее, скокајте со јаже додека трчате.

согорување калории

Прочитајте и:  Лекар предупредува дека на повеќето луѓе им недостасуваат овие 5 витамини

4. Вртете Хулахоп
Согорува 300 калории за 30 минути

Оваа активност е одлична за согорување на маснотиите. Сè што ви треба е хулахоп со адекватна големина; ако кога ќе го поставите пред вас ви достигнува до градите, тогаш тоа е идеалната големина за вас.
Нема потреба од специјални движења. Само треба да го одржувате околу вашата половина. За почеток, застанете со едната нога пред другата и преместувајте ја вашата тежина напред-назад (не во круг). И не се грижете ако ви треба време за да успеете; во секој случај ќе согорувате калории, а со секое вртење ќе станувате подобри.
За дополнително согорување:
Најдете упатства за понапредни движења

5. Тенис
Согорува 272 калрии за 30 минути

Не ви треба партнер, ниту пак тениски терен за да согорувате калории со рекет во рака. Се што ви треба е рамна површина пред празен ѕид кој ќе ви го враќа топчето.
Менувајте помеѓу форхенд и бекхенд удари, а потоа обидете се да удрите што е можно пвоеќе по ред без да го промашите топчето. Застанете на 3-6 метри од ѕидот за да морате да удирате посилно. Дури и вежбањето на сервирање ќе ви помогне да согорувате калории, бидејќи откако ќе го промашите топчето ќе морате да трчате и да се наведнувате за да го земете од земја.
За дополнително согорување:
Обидете се да го удирате топчето со еднаква сила 50 до 100 удари по ред.

6. Танцување
Согорува 221 калорија за 30 минути

Оваа активност може и не согорува мнгоу калории споредено со другите, но сепак е одличен, и забавен, начин за забрзување на вашиот метаболизам
Клучен елемент е одржување на брзо темпо, преку избор на музика со брз ритам. Исто така, не застанувајте за одмор помеѓу песните.
Подгответе си плејлиста која ќе трае околу 30 минути – започнете со инспиративна песна, па неколку песни со сè побрзо темпо.
За дополнително согорување:
Користете ги рацете! Подигнете ги над главата и движете ги во ритамот на музиката.

7. Забрзано одење
Согорува 170 калории за 30 минути

Токму така, и одењето е на оваа листа. Но, лежерна прошетка со пријателите не се важи. Мора да се движите со брзина која би го отежнала нормален разговор.
За да го добиете максимумот од мускулите кои трошат најмногу енергија – нозете, задникот, половината – правете кратки брзи чекори, телото нека ви биде испрвено, и двиќете ги рацете напред назад во чекор со нозете. При секој чекор, допирајте ја земјата прво со петата, а потоа префрлајте ја тежината кон прстите.
За дополнително согорување:
Менувајте помеѓу две минути брзо одење и една минута трчање. [The 7 best fat-blasters]

- Реклама -