Поместувањето на сметањето на времето е стресно

часовникПоместувањето на сметањето на времето создава огромна количина на стрес, па така луѓето не само што се чувствуваат збунети, туку се чувствуваат и лошо и непријатно, со многу здравствени проблеми, како последица на пореметената синхронизација меѓу интерниот биолошки часовник и оној надворешниот.

Поместувањето на сметањето на времето е стресноПоместувањето на сметањето на времето создава огромна количина на стрес, па така луѓето не само што се чувствуваат збунети, туку се чувствуваат и лошо и непријатно, со многу здравствени проблеми, како последица на пореметената синхронизација меѓу интерниот биолошки часовник и оној надворешниот.

Според податоците на Светската здравствена организација, во периодот кога се поместува сметањето на времето,  луѓето се најосетливи и најподложни на депресија. Тогаш се најизразени и нарушувањата во спиењето, а се зголемува и бројот на пациенти со покачен крвен притисок, па дури и инфаркти и изливи. Една од причините поради која луѓето стресно ја доживуваат промената на сметањето на времето е фактот што најчесто не им е јасно зошто воопшто се менува и како дошло до тоа.

Идејата за поместување на времето потекнува уште од почетокот на седумнаесеттиот век, а целта била штедење на енергија, но идејата била спроведена во практиката дури по три века, на почетокот на 20-от век. Во времето на двете светски војни, САД и Британија повторно  почнале да ја разгледуваат можноста за зимско и летно сметање на времето од истата причина. Британија првпат го воведува зимското сметање на времето уште во 1916 година. Најпрво стрелките на часовниците се поместувале по 20 минути во текот на 4 последователни недели, па така се добиле вкупно 80 минути. Причината била промената да не биде многу драстична поради последиците кои ги предизвикувало поместувањето врз човекот, но и врз комуникациите.

Во Европа, во 1996 година, постигнат е договор летното сметање на времето да почнува во последната недела од март, а Американците го менуваат начинот на кој го сметаат времето и почнуваат да ги поместуваат часовниците во вториот викенд од март на пролет и во првиот викенд во ноември на есен.

Но, да се вратиме на влијанието на поместувањето на времето врз човекот. Иако на многумина им е познато дека времето е релативна категорија, во современото секојдневие свесно или потсвесно овој поим се поврзува со рокови, брзање, проблеми поради доцнење итн. Сето тоа создава огромна количина на стрес, па така луѓето не само што се чувствуваат збунети, туку се чувствуваат и лошо и непријатно, со многу здравствени проблеми поради пореметената синхронизација меѓу интерниот биолошки часовник и оној надворешниот.

Факт е дека стрелките на часовникот на ѕидот или на раката лесно се поместуваат, но оној внатрешниот часовник не, и на организмот потребно му е време да се приспособи на промената. Научниците утврдиле дека група мозочни клетки лоцирани во хипоталамусот ја имаат функцијата на интерен мерач на времето во организмот.

Поместувањето на сметањето на времето е стресноИнтерниот часовник, уште наречен и “кардијален ритам”, му кажува на човекот кога да јаде, да спие, да се разбуди и да извршува многу други секојдневни вообичаени функции. Клучот за неговото функционирање е дневната светлина, бидејќи, на пример, изгревот на сонцето, односно дневната светлина, му кажува на организмот да ги ослободи хормоните кои предизвикуваат будење, кои го активираат метаболизмот, го регулираат крвниот притисок и др. Заоѓањето на сонцето, моментот кога ќе ја снема дневната светлина, го предупредува организмот на човекот дека е време да се редуцираат одредени функции, да се подготви за спиење, за “полнење на батериите” со енергија за наредниот ден.

Прочитајте и:  Гинеколог тврди дека жените во постменопауза треба да го намалат внесот на една хранлива состојка

Кога се поместува часовникот научниците велат дека најлошо поминуваат оние  кои имаат секојдневно ист дневно-ноќен ритам, си легнуваат и стануваат и ги извршуваат вообичаените активности во исто време и тоа секој ден. Кога ќе се смени времето, овој ритам се пореметува, а како последица на тоа се јавува, пред сè, нарушување на сонот,  односно несоница и вознемиреност. Овој факт е уште подраматичен бидејќи милиони луѓе во светот веќе страдаат од некакво нарушување на спиењето, а само четворица од десет лица тврдат дека добро спијат ноќе. Исто така, истражувачите тврдат, а и на многумина им е познато од сопствено искуство, дека продолжениот недостиг на сон може да доведе до низа здравствени проблеми, вклучувајќи кардиоваскуларни болести, дијабетес и загуба на меморијата, а, секако, постои и зголемена шанса за повреда на работното место или за предизвикување сообраќајна несреќа. Истражувањата на светско ниво покажуваат дека срцевите удари се зголемуваат за 5 % во првите три недели по поместувањето на сметањето на времето, како резултат на скратување на сонот. Поместувањето на времето доведува токму до ова. Затоа бидете внимателни!

Од друга страна дополнителен проблем за организмот е тоа што поместувањето на сметањето на времето се случува напролет, односно наесен кога се менува и климата, еден од  главните виновници што луѓето се депресивни, поспани, уморни, што чувствуваат ревматски болки и други здравствени проблеми. Голем дел од тегобите, како што се покачениот крвен притисок, изливите и инфарктите се поврзани со промената и на воздушниот притисок кој е поврзан со временските промени.  

Поради сето ова и телото и умот се наоѓаат во своевиден хаос утрото кога се поместува сметањето на времето. Според Центарот за нарушување на спиењето на Универзитетот во Мичиген, постојат некои мали трикови за полесно да се влезе во новата временска зона:

  • Потребно е неколку дена пред промената и неколку недели по промената должината на сонот да се продолжува или скратува по 10 до 15 мин. поради приспособување. Ова е многу битно особено за тинејџерите и децата. Истражувачите препорачуваат на вакво однесување, дури и откако ќе се синхронизирате со новото време, да се придржувајте на овие препораки, бидејќи тие ќе ви помогнат полесно да спиете ноќе. Легнувајте и будете се во исто време секој ден во текот на неколку недели.
  • Не дремнувајте попладне. Ако ви е неопходен попладневен одмор, нека биде што покус, петнаесетина минути до  половина час, некаде на средината на денот.
  • Избегнувајте алкохол и кафе доцна навечер и по 17 часот.
  • Престанете да пушите, особено во вечерните часови.
  • Вежбајте наутро или попладне, а избегнувајте интензивна физичка активност пред спиење
  • Собата во која спиете нека биде замрачена, тивка и удобна.
  • Релаксирајте се 30-45 минути пред да заминете во кревет. Слушајте музика, медитирајте…

Овие препораки може да се користат секогаш кога имате проблеми со спиењето.

И на крајот, сигурно ве интересира дали целиот свет го поместува сметањето на времето? Одговорот е не! Постојат земји, повеќето околу екваторот, кои воопшто не го менуваат времето, бидејќи таму не се чувствува многу промената на должината на денот и ноќта во текот на целата годината.

Оваа статија е преземена од списанието за наука и техника ЕМИТЕР

- Реклама -