Јадењето чоколадо го намалува ризикот од срцеви заболувања

чоколадоСакате да ги преполовите шансите да добиете срцеви проблеми? Обидете се со јадење по малку чоколадо секој ден. Точно, уживајте во чоколадото. Според резултатите од една неодамнешна студија, конзумирањето на умерени количини се поврзуваат со намалена појава на срцеви заболувања.

Сакате да ги преполовите шансите да добиете срцеви проблеми? Обидете се со јадење по малку чоколадо секој ден. Точно, уживајте во чоколадото. Според резултатите од една неодамнешна студија, конзумирањето на умерени количини се поврзуваат со намалена појава на срцеви заболувања.

чоколадоЧоколадото, особено темното чоколадо, содржи големи количини флавоноиди, голема класа на антиоксидантни растителни хемикалии наречени полифеноли. Претходните истражувања укажуваат дека флавоноидите од чоколадото го намалуваат и крвниот притисок и штитат од кардиоваскуларни проблеми.

Истражувачите зад оваа студија биле заинтересирани за утврдување дали редовното конзумирање на мали количини чоколадо, па дури и млечно чоколадо, е поврзано со намалена појава на срцеви проблеми. Според нивните резултати, иако чоколадото содржи заситени масти, тоа е богато и со важни минерали како калиум и магнезиум, кои можат да помогнат во заштитата од проблеми со срцето.

Во студијата, биле земени податоци за исхраната на 4790 учесници на возраст помеѓу 25 и 93 години, 10,9 проценти од нив имале проблеми со срцето. Учесниците, кои претходно учествувале и во национална студија за здравјето на срцето, крвта и белите дробови, биле прашани колкава е нивната моментална конзумација (од ниедно до шест или повеќе) чоколатца дневно.

Истражувачите откриле 57 проценти помалку појави на срцеви проблеми кај оние мажи и жени кои пријавиле дека конзумираат највисоки количини чоколадо (5 пати неделно) споредено со оние кои пријавиле дека воопшто не јадат чоколадо. Степенот на намалување на ризикот бил малку помал кај оние кои пријавиле дека конзумираат и чоколадо но и големи количини на храна со заситени масти (путер, хамбургери итн.), но сепак бил доста висок. Интересен податок е што истражувачите забележале спротивна појава кај оние мажи и жени кои пријавиле дека јадат слатки и колачиња кои не содржат чоколадо пет пати неделно. Тие имале 49 проценти повисока појава на срцеви болести споредено со оние кои рекле дека не јадат благи работи без чоколадо. Овој податок е во согласност со претходни истражувања кои имаат направено врска помеѓу конумацијата на шеќер и зголемениот крвен притисок – кој придонесува за зголемен ризик од проблеми со срцето.

Прочитајте и:  Лекар тврди дека популарни додатоци во исхраната можат да предизвикаат оштетување на црниот дроб

Иако оваа студија се засновала на информации од учесниците, од нив не се барале информации за специфичниот тип на чоколадо кој го конзумирале. Дополнително, не е јасно дали учесниците во своите пресметки го вбројале и белото чоколадо кое воопшто не содржи флавоноиди или важни минерали поради отсуството на производи од растението Theobroma cacao. Но, бидејќи овој тип на чоколадо содржи помалку флавоноиди од темното чоколадо, фактот што истражувачите сепак забележале намален ризик дури и кога се вбројува и белото чоколадо само ги потврдува нивните резултати. [For The Love of Chocolate]

- Реклама -